Илустрациите во овој дел ја прикажуваат серијата PX800FW/TX800FW.
Пред да печатите на CD/DVD, неопходно е да го исчистите ваљакот во внатрешноста на печатачот правејќи неколку копии без ставање документ на таблата за документи. За детали, кликнете на картичката Додаток во горниот десен агол на прозорецот Упатство за корисникот, а потоа кликнете Maintenance, Cleaning the Printer (Чистење на печатачот).
Погрижете се печатачот да биде вклучен.
Затворете ја излезната фиока ако е извлечена.
Подигнете ја контролната табла додека може да оди.
Притиснете го копчето CD Tray на контролната табла за да ја отворите фиоката за CD/DVD.
Внимание
Не влечете ја фиоката за CD/DVD. Не може да се отвори или да се извлече повеќе.
Ставете ја страната за печатење на CD/DVD нагоре, израмнувајќи ја со белиот круг и со централната точка обележана на фиоката за CD/DVD. Нежно притиснете го работ на дупката на CD/DVD за да се смести во фиоката за CD/DVD.
Белешка:
Фиоката за CD/DVD автоматски се затвора после одреден период. Притиснете го копчето CD Tray за повторно да ја отворите.
Притиснете го копчето CD Tray за да ја затворите фиоката за CD/DVD.
За деталите за уредување на датотеките на насловите и за печатење, видете ги следните инструкции.