EPSON

Проверка на состојбата на печатачот

За Windows

Користење на мерачот за напредок

При испраќање работа до печатачот, се појавува мерач за напредок како што е прикажан подолу.
Мерачот за работа го покажува напредокот на тековната работа за печатење и дава информации за состојбата на печатачот. Во овој прозорец исто така се покажуваат пораки за грешки како и корисни совети за подобро печатење. Повикајте се на соодветниот дел подолу.

Совети

Дијалог-прозорецот што се јавува во прозорецот за мерење на напредокот, нуди различни совети за најдобро работење на вашиот драјвер за печатач Epson. За повеќе детали во врска советите што се прикажуваат во овој прозорец, кликнете на копчето Details.

Пораки за грешка

Доколку некој проблем настане при печатењето, во прозорецот за мерење на напредок, се појавува дијалот-прозорец со порака за грешка. За подетални информации, кликнете на Technical Support за да пристапите до онлајн Упатство за корисникот.
Кога мастилото е при крај или потрошено се појавува копчето How to. Кликнете на How to и EPSON Status Monitor 3 ќе ве води чекор по чекор низ постапката за замена на касета.

Примена на EPSON Status Monitor 3

EPSON Status Monitor 3 прикажува детални информации за состојбата на печатачот.
Постојат два начини за пристап до EPSON Status Monitor 3:
Кликнете двапати на иконата за брз пристап до печатачот на Windows taskbar (лентата со задачи).
Видете Од иконата за кратенка на лентата за програми за да додадете икона за брз пристап на Windows taskbar (лентата со задачи).
Отворете го драјверот за печатачот, кликнете на картичката Maintenance, а потоа кликнете на копчето EPSON Status Monitor 3.
Кога пристапувате до EPSON Status Monitor 3, се појавува следниот прозорец:
EPSON Status Monitor 3 ги нуди следните информации:
Current Status:
Доколку мастилото е при крај или е потрошено, копчето How to се појавува во прозорецот EPSON Status Monitor 3. Со кликање на How to се прикажуваат упатства за замена на касета и глава на печатач се движи во положба за замена на касетата со мастило.
Ink Levels:
EPSON Status Monitor 3 нуди графички приказ на состојбата на касетите со мастило.
Information:
Со кликање на Information можете да видите информации за инсталираните касети со мастило.
Technical Support:
До онлајн Упатството за корисникот можете да пристапите преку EPSON Status Monitor 3. Доколку забележите некој проблем, кликнете на Technical Support во прозорецот на EPSON Status Monitor 3.

За Mac OS X

Користење на EPSON StatusMonitor

Доколку EPSON StatusMonitor открие проблем кај печатачот, тој ве известува преку порака за грешка.
За пристап до EPSON StatusMonitor, следете ги следните чекори.
Пристапете до EPSON Printer Utility3.
Притиснете го копчето EPSON StatusMonitor. Се појавува EPSON StatusMonitor.
Кога мастилото е при крај или потрошено се појавува копчето How to. Кликнете на копчето How to, и EPSON StatusMonitor чекор по чекор ве води низ постапката за замена на касета.
Оваа алатка можете да ја користите и за да ја проверите проверите состојбата на касетите со боја пред печатење. EPSON StatusMonitor ја прикажува состојбата на касетите со мастило во времето кога е отворен. За ажурирање на состојбата на касетата со мастило, кликнете Update.