 |
Транспорт на печатачот
Доколку го пренесувате печатачот некаде, мора да го ставите во неговата оригинална кутија или друга со слична големина.
 Внимание:
При складирање или пренесување на печатачот, не закосувајте го, не ставајте го вертикално или не превртувајте; во спротивно, може да протече мастило од касетите.
Оставете ги касетите за мастило инсталирани. Отстранувањето на касетите може да ја исуши главата на печатачот со што ќе се спречи печатачот да работи.
|
 |
Извадете ја сета хартија од механизмот за дотур на хартија и проверете дали печатачот е исклучен.
|
 |
Отворете ја единицата со скенерот и проверете дали главата на печатачот е на десната страна во својата почетна положба.
|
 Забелешка:
Доколку главата на печатачот не е во својата почетна положба надесно, вклучете го печатачот и почекајте додека главата не се заглави во крајната десна положба. Потоа, исклучете го печатачот.
|
 |
Зацврстете го држачот за касетите со мастило со леплива лента, како што е прикажано и потоа затворете ја единицата со скенерот.
|
 |
Исклучете го кабелот од приклучокот, а потоа исклучете го USB-кабелот од компјутерот.
|
 |
Затворете ги потпората на печатачот, предната фиока и предниот капак.
|
 |
Повлечете ја рачката за ослободување од задната страна од контролниот панел, а потоа спуштете го контролниот панел за да го складирате.
|
 |
Повторно спакувајте го печатачот во кутијата со помош на заштитните материјали кои доаѓаат со него.
|
Одржувајте го печатачот на исто ниво додека го транспортирате. Извадете ја безбедносната лента што ја обезбедуваше главата за печатење штом ќе го преместите. Доколку забележите намалување на квалитетот при печатењето, активирајте го циклусот за чистење или порамнете ја главата на печатачот. За упатства, погледнете го Упатство за печатење.
|  |