 |
2-sided printing (само за Windows)
Достапни се два начина на 2-sided printing: стандардно и превиткана брошура.
Стандардниот начин на 2-sided printing овозможува прво да ги отпечатите непарните страници. Откако овие страници се испечатени, може повторно да ги ставите, за страниците со парни броеви да се испечатат од другата страна на хартијата.
Начинот превиткана брошура на 2-sided printing овозможува да правите брошури со едно превиткување. Прво се печатат страниците што ќе бидат од надворешната страна (откако страницата е свиткана) Страниците од внатрешната страна на брошура може да ги испечатите откако повторно ќе ја ставите хартијата во печатачот, како што е прикажано на сликата подолу.
|
Брошура со едно свиткување
|
* : Раб за поврзување
Можете да направите брошура така што страниците 1 и 4 ќе ги испечатите на првиот, страниците 5 и 8 на вториот, а страниците 9 и 12 на третиот лист хартија.
Откако овие листови ќе ги вратите повторно во механизмот за дотур за хартија, може 2 и 3 страница да ги испечатите на задниот дел од првиот, 6 и 7 страница на задниот дел од вториот а 10 и 11 страница на задниот дел од третиот лист хартија.
Потоа, отпечатените страници може да се свиткаат и да се спојат во брошура.
Автоматското двострано печатење е достапно само за следните хартии и големини.
Хартија
|
Големина
|
Обична хартија
|
Letter, A4, B5
|
Epson Premium Ink Jet Plain Paper (Првокласна обична хартија за мастило)
|
A4
|
Epson Bright White Ink Jet Paper (Светло бела хартија за мастило)
|
 Напомена:
Оваа карактеристика не е достапна за Mac OS X.
Оваа карактеристика не е достапна за печатење без граници.
Оваа карактеристика не е достапна кога на печатачот се пристапува преку мрежа или доколку печатачот се дели.
Во зависност од хартијата, за време на 2-sided printing, механизмот за дотур на хартија може да содржи до 30 листови.
Користете само хартија соодветна за 2-sided printing. Во спротивност, квалитетот на отпечатениот примерок може да не задоволува.
Во зависност од хартијата и количината на мастило што се користат за печатење на текстови и слики, хартијата може да пропушти мастило од другата страна од хартијата.
За време на 2-sided printing, површината на хартијата може да се размачка.
|
Стандардно 2-sided printing
За печатење на страници со непарни и парни броеви на спротивната страна од листот, следете ги чекорите подолу.
 |
Пристапете до поставките за печатачот.
|
 |
Кликнете на картичката Main и потоа изберете една од следните поставки во Quality Option:
|
Draft за груби нацрти со намален квалитет на печатење
Text само за страници со текст
Text & Image за повисок квалитет на страници со текст и слики
Photo за добар квалитет и брзина
Best Photoза најдобар квалитет на печатење
 |
Изберете ја соодветната поставка за Type.
|
 |
Изберете ја соодветната поставка за Size.
|
 |
Изберете Portrait (исправено) или Landscape (легнато) за менување на ориентацијата на отпечатокот.
|
 |
Кликнете на картичката Page Layout потоа изберете On од 2-sided printing.
|
 |
Кликнете на Margins за да го отворите прозорецот Margins.
|
 |
Наведете го работ на хартијата каде ќе се направи повезот. Може да изберете Left, Top или Right.
|
 |
Изберете cm или inch како поставка за Unit. Потоа, наведете ја ширината на маргините за спојување. Можете да внесете ширина од 0,3 см до 3,0 см или од 0,12 инчи до 1,18 инчи.
|
 Белешка:
Самите маргините за спојување може да се разликуваат од наведените маргини, во зависност од вашата апликација. Пред печатење на целата работа, за да ги проверите резултатите, испробајте со неколку листови.
|
 |
Кликнете на OK за да се вратите на прозорецот Page Layout. Потоа, кликнете на OK за да ги зачувате поставките.
|
 |
Ставете хартија во механизмот за дотур на хартија и испратете наредба за печатење од вашата апликација. Додека страниците со непарни броеви се печатат, се појавуваат упатства за подготовка на страниците со парни броеви.
|
 |
Следете ги упатствата на екранот за повторно да ставите хартија.
|
 Белешка:
Како резултат на количината на мастило што се користи, за време печатењето, хартијата може да се извитка. Доколку дојде до ова, полека свиткајте ја хартијата на спротивната страна, пред повторно да ја ставите во механизмот за дотур на хартија.
Израмнете го купот хартија со потчукнување на ивиците врз тврда, рамна површина, пред повторно да го ставите во механзмот за дотур на хартија.
Следете ги упатствата дадени при повторно ставање на отпечатените примероци. Во спротивно, хартијата може да се заглави или маргините за спојување можат да бидат погрешни.
|
 |
Откако хартијата е ставена повторно, кликнете на Resume за печатење на страниците со парни броеви.
|
Превиткана брошура со 2-sided printing
За да создадете свиткана брошура, следете ги следните чекори.
 |
Пристапете до поставките за печатачот.
|
 |
Кликнете на картичката Main и потоа изберете една од следните поставки во Quality Option:
|
Draft за груби нацрти со намален квалитет на печатење
Text само за страници со текст
Text & Image за повисок квалитет на страници со текст и слики
Photo за добар квалитет и брзина
Best Photoза најдобар квалитет на печатење
 |
Изберете ја соодветната поставка за Type.
|
 |
Изберете ја соодветната поставка за Size.
|
 |
Изберете Portrait (исправено) или Landscape (легнато) за менување на ориентацијата на отпечатокот.
|
 |
Кликнете на картичката Page Layout и изберете On од 2-sided printing. Потоа кликнете на полето за избор Folded Booklet.
|
 |
Кликнете на Margins за да го отворите прозорецот Margins.
|
 |
Наведете го работ на хартијата каде ќе се направи повезот. Може да изберете Left, Top или Right.
|
 Напомена:
Кога избирате Portrait како поставка за Orientation, положбите Left или Right се достапни за поврзување. Положбата Top е достапна како положба за спојување, кога Landscape е избрана како поставка за Orientation.
|
 |
Изберете cm или inch како поставка за Unit. Наведете ја ширината на маргините за спојување.
|
* : Раб за превиткување
** : Маргина
Можете да внесете ширина од 0,3 см до 3,0 см или од 0,12 инчи до 1,18 инчи. Оваа наведена ширина за маргина се користи и за двете страни од свиканиот дел. На пример, доколку наведете маргина од 1 см, ќе добиете маргина од 2 см (по една маргина од 1 см поставена на секоја страна од свиканиот дел).
 |
Кликнете на OK за да се вратите на прозорецот Page Layout. Потоа, кликнете на OK за да ги зачувате поставките.
|
 |
Ставете хартија во механизмот за дотур на хартија и испратете наредба за печатење од вашата апликација. Додека се печатат надворешните страници, се прикажуваат упатствата за печатење на внатрешните страници.
|
 |
Следете ги упатствата на екранот за повторно да ставите хартија.
|
 Белешка:
Како резултат на количината на мастило што се користи, хартијата може да се извитка за време печатењето. Доколку дојде до ова, полека свиткајте ја хартијата на спротивната страна, пред повторно да ја ставите во механизмот за дотур на хартија.
Израмнете го купот хартија со потчукнување на ивиците врз тврда, рамна површина, пред повторно да го ставите во механзмот за дотур на хартија.
Следете ги упатствата дадени при повторно ставање на отпечатените примероци. Во спротивно, хартијата може да се заглави или маргините за спојување можат да бидат погрешни.
|
 |
Откако хартијата е ставена повторно, кликнете на Resume за печатење на внатрешните страници.
|
 |
Штом ќе завршите со печатење, свиткајте ги листовите и спојте ги со спајалица или на друг начин.
|
|  |