EPSON

Проверка на состојбата на печатачот

За Windows

Преку показателот за напредок

При испраќање работа до печатачот, се појавува показател за напредок како што е прикажано подолу.
Показателот за напредување го покажува напредокот на тековната работа за печатење и дава информации за состојбата на печатачот.
Доколку настане некој проблем при печатењето, во прозорецот за показателот за напредување, се појавува дијалог-прозорец со порака за грешка. Кликнете на Technical Support за да пристапите до Упатство за корисникот на Интернет за подетални информации.
Се појавува копчето How to кога ќе се потроши мастило. Кликнете на How to и EPSON Status Monitor 3 ќе ве води чекор по чекор низ постапката за менување касета.

Употреба на EPSON Status Monitor 3

EPSON Status Monitor 3 прикажува детални информации за статусот на печатачот.
Има два начина за пристап до EPSON Status Monitor 3:
Кликнете двапати на иконата за скратен пат до печатачот на Windows taskbar (рамка со задачи).
Видете Од иконата за скратен пат на taskbar (рамка со задачи) за да додадете икона за скратен пат до Windows taskbar (рамка со задачи).
Отворете го двигателот на печатачот, кликнете на табулаторот Maintenance, потоа кликнете на копчето EPSON Status Monitor 3.
Се појавува следниот прозорец кога ќе пристапите до EPSON Status Monitor 3:
EPSON Status Monitor 3 ви ги обезбедува следните информации:
Тековна состојба:
Ако се истроши мастило, копчето How to се појавува во прозорецот на EPSON Status Monitor 3. Со кликнување на How to се прикажуваат упатства за замена на касетата и главата за печатење се движи во положба за замена на касетите за мастило.
Ink Levels:
EPSON Status Monitor 3 овозможува графички приказ за состојбата на касетата со мастило.
Information:
Со кликнување на Information може да прегледувате информации за инсталираните касети со мастило.
Technical Support:
Може да пристапите до Упатство за корисникот на Интернет од EPSON Status Monitor 3. Кликнете на Technical Support во прозорецот на EPSON Status Monitor 3 ако наидете на проблем.
Print Queue:
Може да гледате Windows Spooler со кликнување на Print Queue.

За Mac OS X

Користење на EPSON Status Monitor

Ако EPSON Status Monitor открие проблем со печатачот, ќе ве информира со порака за грешка.
Следете ги следните чекори за пристап до EPSON Status Monitor.
Пристапете до Epson Printer Utility 4.
Кликнете го копчето EPSON Status Monitor. Се појавува EPSON Status Monitor.
Се појавува копчето How to кога ќе се потроши мастило. Кликнете на How to и EPSON Status Monitor ќе ве води чекор по чекор низ постапката за менување касета со мастило.
Оваа алатка може да ја користите за да го проверите статусот на касетите пред печатење. EPSON Status Monitor го прикажува статусот на касетите со мастило во моментот кога ќе се отвори. За ажурирање на состојбата на касетите со мастило, кликнете Update.