EPSON

Постапка за рачно поставување

Може да го користите печатачот преку безжичен или жичен LAN со помош на контролната табла и функциите на ОС-от без користење на спакуваниот софтвер EpsonNet Setup.

Неопходен софтвер

Пред да може да го користите печатачот, првин треба да го инсталирате неопходниот софтвер, како што се драјверите за печатачот и сканерот, на компјутерот.
Кога првпат го поврзувате печатачот со компјутер, инстаирајте го следниов софтвер од ЦД-то со софтвер за печатачот со помош на EasyInstall или Software List.
Видете во Инсталирање на софтверот
Софтвер
Опис
Драјвер за печатачот
Драјвер за печатачот
EPSON Scan
Драјвер за сканерот
Epson Network Utility
Со Epson Status Monitor може да ги следите печатачите во мрежа
EpsonNet Print
Може да создадете порта за печатење и да управувате со неа (порта EpsonNet Print)
EpsonNet Setup
За менување на мрежните поставки на печатачот.

Постапка за поставување

Следете ја долуопишаната постапка за да го користите печатачот од компјутер преку безжичен или жичен LAN.
Откако ќе го поставите печатачот, направете ги потребните поставки за печатачот на компјутерот. Видете ја секоја ставка за повеќе детали за поставувањето.
Чекор 1: Основни мрежни поставки за печатачот (поставки за LAN на печатачот)
Вршење основни поставки (име на печатачот и IP-адреса) за поврзување преку LAN.
Видете во Одредување на општите мрежни поставки
Чекор 2: Поврзување на печатачот со безжичен LAN (безжични поставки за печатачот)
Забелешка:
Прескокнете го чекорот 2 ако се поврзувате на жичен LAN.
Вклучете ја функцијата за безжична мрежа на печатачот, приклучете се на безжичната мрежа и поврзете се од компјутерот. Зависно од безбедносниот метод на безжичниот LAN, можни се повеќе начини за поставување. Не може да се печати по завршувањето на овој чекор дури и ако печатачот е препознаен на компјутерот.
Начин на поставување
Име на функцијата
Видете во
Рачно поставување од контролната табла
Wireless Setup Wizard
Поставување преку директна комуникација со рутер (копче за притискање и внесување PIN-код)
WPS Wireless LAN Setup (Push Button Mode)
WPS Wireless LAN Setup (PIN Code Mode)
Чекор 3: Регистрирање на печатачот на компјутерот (Создавање завршни протоколи и порта за печатање)
Регистрирање на печатачот на компјутерот. Одредување на протоколите за комуникација и создавање порта за печатење. (Портата за печатење служи како врска за праќање податоци за печатање до печатачот.)
Може да ги поставите следниве порти за печатење како комуникациски протоколи што се компатибилни со печатачот.
Протокол
Windows
Macintosh
Автоматско следење на IP-адресата
Видете во
Стандардно TCP/IP
Д
Н
Искл.
EpsonNet Print
Д
Н
Вкл.
EPSON TCP/IP
Н
Д
Вкл.
-
Bonjour (Mac OSX 10.4.x или понов)
Н
Д
Вкл.
*: Кога функцијата DHCP на рутерот е вклучена и автоматски се доделува приватна IP-адреса, има случаи кога IP-адресата се разликува, зависно од редоследот по кој се вклучува опремата. Автоматското следење на IP-адресата е функција што го препознава печатачот дури и ако IP-адресата на печатачот била сменета од страна на функцијата DHCP.
Step 4: Register the scanner to the computer (EPSON Scan network setup) (Чекор 4: Регистрирање на сканерот на компјутерот (мрежно поставување со EPSON Scan))
За да го поставите EPSON Scan и да го користите сканерот во мрежа, регистрирајте го на компјутерот.
Видете во Поврзување на сканерот
Step 5: Memory card slot network settings (Чекор 5: Мрежни поставки за приклучокот за мемориска картичка)
Поставување како ќе се работи со мемориската картичка во мрежата (само кај моделите опремени со приклучок за мемориски картички).
Видете во Конфигурирање на приклучокот за мрежна картичка