 |
Проверка на состојбата на касетата со мастило
Користење на копчињата на печатачот
За информации во врска користење копчиња на печатачот, видете ја брошурата.
За Windows
 Напомена:
Epson не гарантира за квалитетот и постојаноста на неоригинално мастило. Доколку се инсталирани касети за мастило кои не се оригинални, можно е состојбата на касетата со мастило да не се појави.
Кога касетата за мастило е при крај, на екранот автоматски се појавува Low Ink Reminder. Исто така, состојбата на касетата со мастило може да се провери и од овој екран. Доколку не сакате да се прикажува овој екран, прво пристапете до двигателот на печатачот, а потоа кликнете на табулаторот Maintenance, Speed & Progress, а потоа Monitoring Preferences. На екранот за Monitoring Preferences исчистете го полето за избор Enable Low Ink Reminder.
Ако некоја касета со мастило е при крај, подгответе нова касета.
|
За да ја проверите состојбата на касетата со мастило, сторете нешто од следното:
Отворете го двигателот за печатачот, кликнете на табулаторот Maintenance, а потоа кликнете на копчето EPSON Status Monitor 3. Состојбата на касетата за мастило се прикажува графички.
 Напомена:
Доколку некоја од касетите со мастило инсталирани во печатачот е неисправна, несоодветна за моделот на печатачот или неправилно инсталирана, EPSON Status Monitor 3 нема да прикаже точна пресметка за состојбата на касетата со мастило. Заменете ја или преинсталирајте ја секоја касета со мастило наведена од EPSON Status Monitor 3.
|
При започнување со печатење, автоматски се појавува показателот за напредок. Состојбата на касетата со мастило може да се провери и од овој прозорец. Кликнете на копчето Check Ink Levels во екранот за показателот за напредок за да се прикаже состојбата на касетите со мастило како што е прикажано подолу.
За Mac OS X
 Напомена:
Ако некоја касета со мастило е при крај, подгответе нова касета.
|
Состојбата на касетата со мастило може да се провери со EPSON Status Monitor. Следете ги чекорите дадени подолу.
 |
Пристапете до дијалог-полето за Epson Printer Utility 4.
|
 |
Кликнете на копчето EPSON Status Monitor. Се појавува EPSON Status Monitor.
|
 Напомена:
Сликата ја прикажува состојбата на касетите со мастило кога првпат бил отворен EPSON Status Monitor. За ажурирање на состојбата на касетата со мастило, кликнете Update.
Epson не гарантира за квалитетот и постојаноста на неоригинално мастило. Доколку се инсталирани касети за мастило кои не се оригинални, можно е состојбата на касетата со мастило да не се појави.
Доколку некоја од касетите со мастило инсталирани во печатачот е неисправна, несоодветна за моделот на печатачот или неправилно инсталирана, EPSON Status Monitor нема да прикаже точна пресметка за состојбата на касетата со мастило. Заменете ја или преинсталирајте ја секоја касета со мастило означена од EPSON Status Monitor.
|
|  |