EPSON

Функции за прилагодување на сликата

Epson Scan нуди разновидни поставки за подобрување на бојата, острината, контрастот и другите аспекти кои влијаат на квалитетот на сликата.
За повеќе детали за Epson Scan погледнете во Помош.
Histogram
Обезбедува графички интерфејс за прилагодување на светло, сенка и гама нивоата поединечно.
Tone Correction
Обезбедува графички интерфејс за прилагодување на поединечните нијанси на тон.
Image Adjustment
Ги прилагодува светлината и контрастот и рамномерноста на црвената, зелената и сината боја на целата слика.
Color Palette
Обезбедува графички интерфејс за прилагодување на средни нијанси на тонови, како што е тен на кожа, без да влијае на светлоста и сенките на сликата.
Unsharp Mask
Ги изострува краевите од деловите на сликата за целосен појасен изглед на сликата.
Descreening
Ги отстранува брановидните шаблони (познати како moiré) што можат да се појават во дискретно исенчените области на сликата како на пример бојата на кожата.
Color Restoration
Автоматски ги обновува боите во избледените фотографии.
Backlight Correction
Ги отстранува сенките од фотографиите што имаат премногу светлост на позадината.
Dust Removal
Автоматски ја отстранува правта од оригиналите.
Text Enhancement
Се изострува текстот кога се скенираат текстуални документи.
Auto Area Segmentation
Ги прави црно-белите слики појасни и препознавањето текст поточно така што го одделува текстот од графиката.
Color Enhance
Подобрување на одредена боја. Можете да изберете помеѓу црвена, сина или зелена.