EPSON

Проблеми при скенирање

Не може да скенирате користејќи Thumbnail Preview

Ако користите Full Auto Mode и Office Mode, минијатурниот приказ не е достапен. Променете го режимот на скенирање во Home Mode или Professional Mode. Видете Промена на режим на скенирање за упатства.
Доколку скенирате слики со многу темна или светла позадина, користете обичен преглед и направете рамки на делот што сакате да го скенирате. Видете Преглед и прилагодување на просторот за скенирање за упатства.
Доколку скенирате филмска лента вклучувајќи панорамски и обични димензии на сликите, панорамските слики не се прегледуваат. За панорамски слики, користете обичен преглед и направете рамки на делот што сакате да го скенирате. Видете Преглед и прилагодување на просторот за скенирање за упатства.
Доколку скенирате документ со голема димензија, користете обичен преглед и направете рамки на делот што сакате да го скенирате. Видете Преглед и прилагодување на просторот за скенирање за упатства.
Проверете дали поставката Document Type (Home Mode) или поставките Document Type и Film Type (Professional Mode) се точни. Видете Скенирање во Home Mode или Скенирање во Professional Mode за упатства.
Кликнете Configuration, изберете ја картичката Preview и прилагодете го просторот за сечење намалени сликички користејќи го лизгачот Thumbnail Cropping Area.
Доколку скенирате во режимот Home Mode и Illustration, Magazine, Newspaper или Text/Line Art е избрано како Document Type, минијатурниот приказ не е достапен.

Имате проблем со прилагодување на просторот за скенирање во Thumbnail приказ

Направете рамка или прилагодете ја постоечката рамка за да го изберете просторот што сакате да го скенирате. Видете Креирање рамка во преглед на слика за упатства.
Кликнете Configuration, изберете ја картичката Preview и прилагодете го просторот за сечење намалени сликички користејќи го лизгачот Thumbnail Cropping Area.
Користете обичен преглед и направете рамки на делот што сакате да го скенирате. Видете Прилагодување на бојата и останатите поставки за слика за упатства.

Прегледот на сликите од филмските негативи изгледа чудно

Проверете дали поставката Document Type (Home Mode) или поставките Film Type (Professional Mode) се точно поставени за Вашиот филм. Видете Скенирање во Home Mode или Скенирање во Professional Mode за упатства.
Ако сте во обичен преглед, темниот простор околу филмот и рамката од држачот на филм се прикажани како бели. Ова го менува осветлувањето и предизвикува сликите да изгледаат потемно. Направете рамки на делот од сликата што сакате да го скенирате, потоа кликнете Zoom за преглед на тој дел. Видете Преглед и прилагодување на просторот за скенирање за упатства.
Користете минијатурен приказ наместо обичен преглед. Видете Преглед и прилагодување на просторот за скенирање за упатства.

Не можете да скенирате повеќе слики истовремено.

Поставете ги фотографиите на најмалку 20 mm (0,8 инчи) оддалеченост една од друга на таблата за документот.

Не можете да сканирате во Full Auto Mode

Доколку скенирате слики со многу темна или светла позадина, преминете на Office Mode, Home Mode или Professional Mode. За промена на режимот на скенирање, видете Промена на режим на скенирање. Потоа, користете обичен преглед и направете рамки на делот што сакате да го скенирате. Видете Преглед и прилагодување на просторот за скенирање за упатства.
Доколку скенирате документи со голема димензија, како што е A4, преминете на Office Mode, Home Mode или Professional Mode. За промена на режимот на скенирање, видете Промена на режим на скенирање. Потоа, користете обичен преглед и направете рамки на делот што сакате да го скенирате. Видете Преглед и прилагодување на просторот за скенирање за упатства.

Скенирањето трае подолго време

Обидете се со скенирање на оригиналот на поставка за помала резолуција за да го забрзате скенирањето. Видете Избирање Resolution за скенирање за упатства.
Компјутерите со USB 2.0 (гоелма брзина) влезови можат да скенираат побрзо од оние со USB 1.1 влезови. Доколку користите USB 2.0 влез со вашиот скенер, проверете дали ги исполнува барањата на системот. Видете Системски барања за детали.
Доколку скенирате користејќи ја функцијата DIGITAL ICE Technology или Show Texture, скенирањето трае подолго.

Не можете да скенирате филм или дијапозитиви

Проверете дали подлошката за документот е отстранета од капакот на скенерот. Видете Отстранување на подлошката за документ за упатства.
Проверете дали Вашиот филм или дијапозитиви се поставени правилно во држачот за филм и дали е држачот за филм правилно поставен на подлогата за документ. Видете Поставување филмови или дијапозитиви за упатства.
Проверете дали поставката Document Type (Home Mode) или поставките Film Type (Professional Mode) се точно поставени за видот на вашиот филм/дијапозитив. Видете Скенирање во Home Mode или Скенирање во Professional Mode за упатства.